Седлоски: Подобра репрезентација од Швајцарија не гостувала во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија го запиша првиот позар во Б-дивизијата од Лигата на нации, откако загуби на домашен терен од Швајцарија со 0-3.

Нашите фудбалери го одиграа еден од најслабите натпревари. Анемична игра без никаква креација, без идеја и без ниту една шанса во 90 минута. Остануваме и петти меч во низа откако селектор е Гоце Седлоски без постигнат погодок.

Селекторот Гоце Седлоски по мечот ги сумираше впечатоците …

„Заслужена победа на Швајцарија. Ние треба многу да научиме да работиме. Сакаме да ја подмладиме репрезентацијата и полека тоа го правиме. Што не шутнавме на гол Швајцарија покажа дека е мнгоу квалитетна. Посилна репрезентација од Швајцарија не гостувала во Скопје. На секој дел од теренот беа доминантни, но ние не смееме да примаме такви голови. Мора да покажеме карактер, а од некои играчи тоа денеска не го видов. Следните мечеви ќе ставам играчи кои играат во своите екипи. Презадоволен сум од настапи на Гаштаров и тој треба да биде пример за сите. Не сакам да именувам им кажав во соблекувална си знаат сами некои играчи како не треба да се носи дресот. Кој заслужува ќе го носи дресот, но време е да се прави промена“, изјави Седлоски. 

Се вчитува...