Седлоски: Посакувавме триумф во Тетово, но ни недостасуваше и малку среќа за три бода

Шкупи ремизираше без голови на гостувањето против Шкендија во дербито на 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот во Тетово, во две различни полувремиња, Шкупи имаше повеќе можности и за освојување на трите бода во второто полувреме кога Цветаноски имаше две одлични шанси за триумф. Но, останаа нереализирани…

„Мислам дека беше интересен натпревар, но тежок. Во првиот дел, како да имавме некои проблеми, но вториот дел го започнавме доста добро. Во второто полувреме напаѓавме цело време, имавме добри шанси, но немавме среќа. Дојдовме во Тетово за да победиме, но и Шкендија има навистина добар тим. Овој дуел останува зад нас и сега продолжиме да се подготвуваме за следниот натпревар на кој секако посакуваме три бода“ – истакна по натпреварот шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски.

Шкупи во недела, во 7. коло од шампионатот, го очекува дуелот со велешки Борец.

Се вчитува...