Седлоски прозиваше: Македонија се собира за контролите со БиХ и со Турција (фото)

Фудбалската А-репрезентација денеска го имаше првиот собир во пресрет на новиот прозорец во кој нашата национална селекција ќе одигра пријателски натпревари со селекциите на БиХ и на Турција.

„Црвено-жолтите“ веќе денеска ќе се комплетираат со доаѓањето на Енис Барди и на Елиф Елмас, а првиот тренинг е закажан од 18 часот во тренинг-комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ.

Македонската експдиција в четврток патува за Сараево каде на 29 мај ќе се сретне со селекцијата на БиХ. По тој дуел, „црвено-жолтите“ веднаш ќе се упатат кон Турција, каде на 1 јуни ќе се сретнат со оваа репрезентација, како дел од подготовките на Турците за СП 2026.

 

Се вчитува...