Седлоски: Создадовме многу шанси, не застанувам тука

ЕКИПА ВО ЉУБЉАНА, 

Никола Станикевски 

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај Словенија со 2-0 во натпревар од второто коло од Б-дивизијата од новата сезона во Лигата на нации. И шести натпревар во низа под водство на Гоце Седлоски, Македонија е без постигнат погодок, а вечерва повторно имавме само еден упатен удар во голот на просечна репрезентација како Словенија.

Селекторот Седлоски, по мечот вели дека не застанува тука и дека ќе продолжи со тоа што го почна со репрезентацијата…

„И честитам на Словенија за победата. Што се однесува до мечот, моите играчи дадоа се од себе. Од процесот на помладување што го почнав, тука не застанувам. И тие првпат што играа денеска ваков натпревар и останатите оставија срце на терен. Поразт како пораз боли. Не постигнавме гол, но на денешниот натпревар создадовме многу шанси. Овој процес по кој тргнав не застанувам, знам дека е тешко и ќе продолжам по тој пат“, изјави Седлоски. 

„Играме против силни репрезентации и мислам дека ќе тргнеме во вистинска насока. Треба трпение и знам дека ќе дојдат и головите. Не боли сите, но со работа и со офанзивна игра можеме повеќе. Се беше како што треба освен тие десет минути откако го примивме првиот гол, но контрата за 2-0 го реши мечот“, додаде Седлоски. 

Се вчитува...