Седлоски: Среќни сме што се враќаме во Чаир, пред нашите навивачи на триумф со Борец

По пауза од една година, Шкупи денеска со натпреварот против Борец во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига се враќаат повторно на својот стадион во Чаир.

Коинциденција или не, но последниот натпревар на Чаир, Шкупи го одигра во октомври минатата година токму против Борец кога славеше со 3-0. Денеска, на новиот стадион повторно против велешани.

„Јасно е дека нема потреба да го нагласи задоволството што повторно се враќаме дома на својот стадион во Чаир. Среќни сме сите што конечно ќе играме на домашниот терен пред своите навивачи поради што ги повикувам да направиме една прекрасна атмосфера и заеднички да дојдеме до триумф во шампионатот. Воопшто не го потценуваме Борец, но со наш максимален ангажман верувам во победата“ – вели тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

ПРВА ЛИГА – 7. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ

Скопје: ШКУПИ – БОРЕЦ

Битола: ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

Се вчитува...