Седлоски: Во Штип ќе биде тежок дуел, но Шкупи на секој меч сезонава ќе оди на победа

Екипата на Шкупи, без сомнение, е најголемиот кандидат, заедно со Шкендија, за освојување на шампионската титула сезонава. Такви се и амбициите на чаирчани кои сезоната ја стартуваат со гостување во Штип против повратникот во Првата лига, Брегалница.

Стратегот на Шкупи, Гоце Седлоски е свесен дека неговиот тим го чека тежок старт на сезоната но нагласува дека се подготвени за атак на бодовите…

„Шкупи не само на натпреварот против Брегалница денеска, но и на секој натпревар оваа сезона ќа атакува на победа. Подготвени сме и доволно мотивирани за максимално издание на секој натпревар“ – вели Седлоски, притоа дополнувајќи:

„Знаеме дека не чека квалитетен тим како Брегалница која со враќањето во Првата лига сега ќе има огромен мотив за надигрување. Ги анализиравме штипјани и се работи навистина за добар тим кој мина квалитетни подготовки доведувајќи и неколку одлични засилувања. Но, ќе повторам дека и покрај сето тоа Шкупи верува во своите квалитети и на мечот сигурно одиме на победа“.

Натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи се игра од 17:30 часот на Градскиот стадион во Штип.

ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17:30 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ
Прилеп: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
Тетово: РЕНОВА – СКОПЈЕ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ (20 ч.)

Се вчитува...