Манчестер Сити само со еден гол предност ќе патува на реваншот во Мадрид против Реал, откако денеска славеше во голеадата на „Етихад“ со 4-3. Сити три пати водеше со два разлика, но „кралевите“ секогаш успеваа да се извлечат, а Сити може да жали што не славеше со поголема разлика со оглед дека промашија многу шанси, имаа и статива.
Натпреварот почна одлично за Сити. Де Брујне во 2. минута носи предност, а иницијативата на Манчестер вроди со плод и во 11. минута кога Жезус постигна гол за 2-0. Се чинеше дека Сити ја има контролата, но потоа Бензема со еден потег ја затресе мрежата на Едерсон за 2-1, резултат кој беше актуелен на полувремето.
Во вториот дел Фоден донесе 3-1 за Сити. Асистенција на Фернандињо, за нов погодок во мрежата на Куртоа, а Винициус само две минути подоцна веднаш успеа да намали. Сити имаше многу шанси, а во 74. минута Силва успеа да донесе 4-2.
Сепак, и тука Реал успеа да се извлече и да дојде само до минимален пораз од 4-3. Во 82. минута пеналот во гол го претвори Бензема кој прекрасно со паненка го совлада Едерсон за конечни 4-3.
Losing 4-2?. He said he wants to have Fun tonight, Dpmo #benzema pic.twitter.com/INVyILU7Pq
— Mannyjunior 🗽 (@mannyjunior_11) April 26, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА