Седум гола во Менхегладбах, славје за Борусија

Борусија Менхенгладбах оствари убедлива победа над Келн од 5-2 во првиот од трите натпревари во Бундеслигата денеска. Домашниот тим имаше проблеми само во првиот дел, а откако гостите останаа со играч помалку, целосно „потонаа“ во вториот дел.

Фридрих успеа да донесе водство за Менхенгладбах, а Кајнц од пенал израмни. Во судиското надополнувњае Бенсебаини успеа од белата точка да донесе водство, а згора на тоа Кајнц доби и исклучување.

Тоа беше доволно за на стартот од вториот дел Штиндл да донесе 3-1, а потоа Бенсебаини и Турам да стигнат до „петка“.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...