Седум медали за младите каратисти на Македонија на Балканското првенство

Македонските каратисти имаа одличен прв ден на Балканското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 откако успеаја да освојат седум медали (4 златни, 1 сребрен и 2 бронзени).

Златен медал во категорија на јуниори -76 килограми освои Андреј Ангеловски, кој до одличјето стигна на доминанте начин со пет убедливи победи. Кај јуниорите златен беше и Љупче Михајлов во категоријата до 68 килограми, како и Сара Дука во категоријата до 48 килограми. Со сребро се закити Андреј Басаров во +68 килограми.

Кај кадетките злато освои Драгана Ефтимовска во категоријата до 54 килограми, додека во  во категоријата до 47 килограми Катја Апостоловска го освои бронзениот медал.

Во најголемата старосна граница, У21 единствениот медал за Македонија го освои Бојан Костов кој беше бронзен во категоријата до 60 килограми.

Се вчитува...