„Седум на шест“ не е во мода – Дибиров го „казни“ Червар

Вардар има убедлива предност од 20-13  по првото полувреме од дербито против Металург, 30 минути во кои е очигледно дека Раул Гонзалес го нашол лекот за нападот „седум на шест“ на противникот. „Црвено-црните“ сега далеку подобро се снаоѓаат против ваквите атаци на својот ривал, во неколку наврати одзедоа топки и прецизно биеја во гол без голман, со што уште во раната фаза од натпреварот успеаја да се одлепат резултатски.

Една од тие ситуации беше и овој погодок на Тимур Дибиров, кога по интервенција на Штербик гостинскиот голман Арсиќ не успеа да се врати навреме, а рускиот ас од својата половина биеше во празната мрежа, еден од неколкуте лесни голови на „црвено-црните“ од слични ситуации.

Червар го изненади Гонзалес со ваквата тактика во првото коло во „Автокоманда“, но очигледно е дека „седум на шест“ веќе не е во мода.

Се вчитува...