Седум натпревари на ЕВРО кои мора да ги гледате – Запишете го 13. јуни и дебито на Македонија

Дебитантскиот натпревар на Македонија на Европските првенства, против Австрија на 13. јуни се најде меѓу седумте натпревари на шампионатот кои мора да се гледаат, според УЕФА.

Македонија на 13. јуни во Букурешт против Австрија ќе го одигра првиот историски натпревар на големите натпреварувања, а Европската фудбалска федерација (УЕФА) смета дека овој меч мора да го погледне секој фудбалски фан.

„Македонија беше во група со Австрија во квалификациите, пред да ги мине Косово и Грузија во Лигата на нации. Австрија двапати славеше, но се ќе биде многу поразлично во Букурешт. Првата ѕвезда на Македонија е големиот Горан Пандев кој го даде погодоток за пласман на ЕВРО. Ќе има ли уште еден значаен погодок за 37-годишната ѕвезда“, пишуваат од УЕФА. 

Се вчитува...