Сефер Емини се врати во Македонија ЃП со перманентен договор

Сефер Емини повторно е играч на Македонија ЃП. Тој настапуваше во таборот на „лавовите“ како позајмен од рускиот Акрон Тољати, а сега потпиша перманентен договор со својот матичен клуб.

-Голема беше желбата да се вратам во својот матичен клуб иако имав и други понуди. Благодарност до претседателот на клубот за тоа што брзо постигнавме договор – рече Емини.

Емини ги помина сите млади категории на Македонија ЃП, играше и за првиот тим, а во септември 2021 година потпиша со Акрон. Во изминатата есен настапуваше како позајмен во Македонија ЃП, а сега сите права ги има неговиот матичен клуб.

Се вчитува...