Сега брани во деветтата англиска лига, а утре може да стане вистински крал

Голманот Џорџ Дезмонд Камураси кој е член на деветтолигашот СЕ Донс од југоисточен Лондон, наскоро би можел да стане вистински крал.

Имено, кралската комисија во Уганда, го избрала токму Камураси за наследник на кралот Оја Нуимбе Кабамбе Рудикија четвртиот, кој неодамна почина. Од 21 член на кралската комисија, 15 гласале за Камураси кој е роднина на починатиот крал на Уганда.

Неговиот избор за нов крал на Уганда, официјално ќе биде потврден по завршување на деновите на жалост и погребот на досегашниот крал, објави ЕСПН.

Тој би требало да стане новиот „омикама“, традиционална кралска титула на народот Тооро. Тооро е едно од четирите признати традиционални кралства во денешна Уганда.

Но, ЕСПН пишува дека Камураси засега се двоуми дали да ја прифати понудата бидејќи не сака да го напушти Лондон.

Се вчитува...