Сега е и официјално: Дембеле останува во Барселона до 2024 година

Барселона заврши уште одлична работа во летниот преоден рок, успевајќи да го убеди Усман Дембеле на продолжување на соработката.

Францускиот репрезентативец многу често беше критикуван и се наоѓаше на излезна врата од клубот, но ситуацијата се смени откако Чави седна на клупата на каталонскиот гигант. Дембеле заигра во посакуванта форма, а токму тренерот инсистираше да биде постигнат договор за тој да не си замине како слободен играч од „Камп Ноу“.

Неговиот договор истече пред 14 дена, но откако не доби задоволителна понуда од клубовите кои покажуваа интерес, Дембеле ја прифати понудата на Барса иако таа значеше и намалување на платата што досега ја заработуваше во клубот. Севкупно, Французинот ќе има загарантирана годишна плата од шест милиони евра, но и богати бонуси за зголемување доколку каталонците стигнат до трофеј во наредните две години.

Се вчитува...