Сега е и официјално: Лионел Меси е нов фудбалер на ПСЖ

Заврши „сапуницата“ околу иднината на Лионел Меси која траеше цела година. Аргентинскиот ас од следната сезона ќе го носи дресот на францускиот Пари Сен Жермен. Тој вечерва позираше со дресот со број „30“ на „Паркот на принцовите“, а утре во десет часот ќе биде официјалната негова промоција.

Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ во кој по сезона ќе заработи по 35 милиони евра.

 

 

Се вчитува...