Сега е официјално: Шкендија го врати Бруно Акраповиќ!

Бруно Акраповиќ од денеска повторно е тренер на Шкендија, откако беа реализирани најавите дека тетовци ќе го ангажираат поранешниот стратег на местото на Ернест Ѓока.

Новото европско фијаско донесе и отказ за Ѓока, а потрагата по нов стратег траеше само неколку дена, за денеска да биде официјализирана новата соработка со Акраповиќ, тренерот што ја водеше Шкендија и во сезоната 2015/16.

Акраповиќ по Шкендија го предводеше и хрватскиот тим Сплит, како и Локомотив Пловдив и ЦСКА Софија во бугарскиот шампионат. Со тимот на Локомотив Пловдив две години по ред, во 2019 и во 2020 го освои и Купот на Бугарија.

Се вчитува...