Сега и официјално: Банџа Си повторно во Партизан

Партизан и официјално потпиша договор со Банџа Си, францускиот ветеран кој ќе треба да му биде од помош на тренерот Пењароја во наредниот период во кој поради повреда ќе отсуствува Американецот Вилис.

Си ги мина подготовките со Партизан, управата долго тактизираше дали да му понуди договор, за по повредата на Вилис двете страни да седнат на маса и да се договора за соработка.

За Си ова е камбек во клубот чии бои ги бранеше во сезоната 2017/18 освојувајќи го и Купот Радивоје Корач со белградскиот гигант.

Французинот отпатува со тимот за претстојното евролигашко гостување против Париз, клубот за кој искусниот крилен центар настапуваше ланската сезона.

Се вчитува...