Крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе означи и крај на една ера во Реал Мадрид, со заминувањето на капитенот Дани Карвахал од „Сантијаго Бернабеу“.
Станува збор за клупска легенда, играч кој беше дел од младинската школа на Реал чиј дел беше 10 години, а потоа и цели 13 сезони како професионален играч ги бранеше боите на „кралскиот клуб“. Зад името на Карвахал остануваат запишани 27 освоени трофеи, од кои шест европски титули и клупски светски прваци…
Тој сезонава имаше лимитирана минутажа како кај Чаби Алонсо така и подоцна кај Алваро Арбелоа, што беше најава за крајот на соработката.
Флорентино Перез реши воопшто да не му понуди нов договор, Карвахал се уште не размислува за пензија, па останува да се види дали десниот бек ќе реши да остане во европскиот фудбал или ќе прифати некоја од понудите од американската МЛС-лига што пристигнаа на негова адреса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
