Сега и официјално: Теодосиќ се врати во Црвена Звезда

Милош Теодосиќ минатото лето ја заврши фантастичната кариера во дресот на Црвена Звезда, а легендарниот плејмејкер сега се врати назад во омилениот клуб во една поинаква улога – како спортски директор на „црвено-белите“.

Откако Звезда имаше катастрофална сезона што кулминираше со смена на тренерот Обрадовиќ, за нов тренер е избран Шпанецот Наваро, кој ќе соработува директно со новиот спортски директор Теодосиќ.

„Еден од најдобрите кошаркари во историјата на европската и на српската кошарка, Милош Теодосиќ, е нов спортски директор на Црвена Звезда. Една година откако ја заврши големата играчка кариера, и тоа токму во дресот на нашиот клуб, тој повторно ја засилува Црвена Звезда, сега како прв оперативец во спортскиот сектор“, се вели во соопштението на белградскиот кошаркарски гигант.

Се вчитува...