Сега навистина е крај: Подолски кажа збогум!

Лукас Подолски и официјално се збогуваше од фудбалот откако 40-годишниот германски голгетер објави дека повеќе нема да го гледаме на фудбалските терени.

Голгетерот пред нецел месец се закити со трофејот во Купот на Полска со тимот на Горњик Забже, уште тогаш најави дека оваа сезона најверојатно ќе му биде последна во кариерата, за доцна синоќа да ја потврди својата одлука.

„Една ера завршува, нова почнува“, напиша Подолски на објавата со која и официјално ја заврши кариерата.

Легендарниот голгетер го достигна врвот на кариерата станувајќи светски првак со Германија на СП 2014, додека на клупски план со успех ги бранеше боите на Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Кобе и на Горњик…

Се вчитува...