Сега Реал води инает – Флорентино бара богатство за Мората

Манчестер јунајтед нема да може така лесно да го доведе Алваро Мората откако раководството на Реал Мадрид одби да ја намали сумата што ја бара како отштета за овој голгетер. „Црвените ѓаволи“ веќе ги договорија условите за соработка со самиот играч, но иако се очекуваше и без договор меѓу клубовите, преговорите течат многу побавно од предвидувањата.

Причина за тоа е „инаетот“ што сега владее кај првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој не сака да ја спушти цената за Мората. Тој ги потсетил „црвените ѓаволи“ на долгите преговори за ангажман на Давид де Хеа во кои Јунајтед не сакаше ни да чуе за намалување на сумата, инсистирајќи на 80 милиони евра отштета. Сега Перез инсистира на 90 милиони евра од Манчестер за Мората, поради што веќе одбил најпрвин 55, а потоа и 70 милиони од страна на најтрофејниот англиски клуб.

Англиските медиуми најавуваат дека до крајот на оваа седмица ќе следи и трета понуда, овојпат од 75 милиони фунти, но претседателот на Реал делува решено да не попушти и да ја добие сумата што ја посакува, доколку Манчестер сака да го види Мората на „Олд трафорд“.

Се вчитува...