СЕХА-лигата се наоѓа пред распад?!

Регионалната ракометна СЕХА-лига се наоѓа пред тотален колапс поради војната во Украина, пишува хрватскиот весник „Јутарњи Лист“.

Причината е сосема јасна, воениот конфликт во Украина што го прави невозможно нормалното функционирање на лигата, чиј главен спонзор е рускиот гигант Газпром, а една од екипите учеснички е украински Мотор.

Тимот на Мотор, кој се наоѓа во иста група како и Вардар, нема одиграно ниту еден меч во СЕХА, а како што стојат работите клубот од Запорожје во блиска иднина нема да се врати на тренинзи ниту пак на одигрување на натпревари.

Ниту претседателот Михајловски ниту директорот Остојиќ во изјави за „Јутарњи“ не можеле да дадат одговор дали и кога лигашкото натпреварување би можело да  продолжи, по што станува јасно дека неизвесноста е огромна, а од ден на ден се поголеми се шансите дека регионалното натпреварување ќе биде прекинато.

Се вчитува...