СЕХА се повеќе е „смешка“ лига – Брест без тренер и странци дојде во Ниш

СЕХА-лигата во последните две години загуби на квалитет, но причина за загриженост за челниците на ова натпреварување мора да биде несериозноста што ја покажуваат дел од учесниците. Имено, Брест Мешков утре во Ниш ќе му гостува на Железничар, а белорускиот првак допатува во Србија буквално со „крпен тим“. Едно е да се одморат дел од играчите, но Брест го нема во својата експедиција ниту тренерот Каденас, ниту еден од странските ракометари, па во Белорусија останаа и најдобрите домашни играчи.

Ова веќе станува тренд за тимот на Брест Мешков, кој со истиот тренер (од вториот тим) Мочалов во првото коло со подмладен состав му се спротивстави на Извиѓач.

„Имаме 15 ракометари со кои ќе излеземе на терен, најголем проблем ни е голманската позиција, но тоа ќе биде шанса за младите Бочко и Куран. Во сличен тим победивме во првото коло против Извиѓач, но ситуацијата сега е потешка бидејќи Железничар е квалитетен тим што слабо стартуваше, но сигурно ќе биде максимално мотивиран за дуелот со нас“ – изјави стратегот Мочалов во пресрет на утрешниот натпревар.

Се вчитува...