СЕИР НА ДЕНОТ: Алексис Санчез направи „селфи“ со новите соиграчи

Реализирањето на транферот на Алексис Санчез во Манчестер јунајтед е прашање на време, Чилеанецот ќе ги „скрши“ срцата на сите фанови на Арсенал со тоа што ќе го облече дресот на големиот ривал. Но, додека се чека официјалната потврда за трансферот, креативноста на „Трол фудбал“ отиде уште подалеку.

Тие најдоа негова „селфи“ фотографија на која јасно се гледа дека позади Санчез стои црвен автобус наменет за градски превоз, па шегата како сама да си се напиша. Многу добро знаеме како го нарекуваат системот на игра на Јунајтед откако Мурињо застана на клупата (Park the bus), па шегата е јасна…„Алексис Санчез направи селфи со новите соиграчи од Манчестер јунајтед“.

Се вчитува...