Сеир на навивачите на Барса до Реал: Каде ви е Мбапе (видео)

Реал имаше сезона за паметење, Барселона вистински кошмар да ги гледа големите ривали како ги креваат пехарите во сите големи натпреварувања. Сепак, каталонците летово доведоа бројни врвни засилувања, со тоа се врати и оптимизмот во таборот на Барса, додека Реал не успеа да си ја исполни големата желба – во нападот да го доведе Килијан Мбапе.

Навивачите на Барселона не ја пропуштаат можноста да ги „пецнат кралевите“, па на социјалните мрежи се појави видео од пред „Камп Ноу“, каде приврзаниците на Барса во еден глас пеат „Каде ви е Мбапе“.

Јасно е до кого е пораката, за уште поголемо зовривање на страстите пред стартот на сезоната во Ла Лига закажан за претстојниот викенд.

Се вчитува...