Сејдини: Македонија испиша историја со учеството на ЕП

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини со своја изјава се обрати на македонската спортска јавност, потенцирајќи дека нашите фудбалери испишаа историја со учеството на Европското првенство.

Сејдини на својот профил на Фејсбук се обрати кон фановите на фудбалот, па укажа дека за Македонија ова ЕП е едно од најубавите кое долго ќе остане во сеќавање.

„Заврши едно од најубавите Европски првенства за мене и за нашата земја. На јубилејот од 60-годишнината на ЕВРО, успеавме да ја напишеме историјата и ние како Македонија, бидејќи за првпат бевме дел на едно вакво големо натпреварување. ЕВРО 2020 засекогаш ќе остане во наше сеќавање“, изјави Сејдини.

Се вчитува...