СЕКОЈА ЧЕСТ: Иџе го освои Нирбургринг!

Македонскиот возач Игор Стефановски Иџе успеа да победи на втората трка на Нирбургринг и застана на највисокото место на пиедесталот. По втората позиција на првата трка, Стефановски имаше уште поблескав настап во второто возење на патеката во Германија.

Стефановски стартуваше од седмата позиција на оваа втора трка, но возеше феноменално и на крајот успеа прв да мине низ целта. Го искористи и пехот за водечкиот Рикли, па „Летечкиот македонец“ се проби на првата позиција и успеа да стигне до највисокото место на подиумот за големо славје.

idze na Nirburgring 2

Ова е извонреден викенд за Игор Стефановки, популарниот Иџе стигна до првиот подиум, па и до првата победа оваа сезона во ЕТЦЦ. Иџе освои вкупно 18 бода овој викенд на Нирбургринг и потврди дека може да биде меѓу најдобрите и во ЕТЦЦ шампионатот.

rezultati

idze

Се вчитува...