Секоја серија има крај: Деле Али го нокаутира Челси (ВИДЕО)

Дојде крај и на серијата на Челси од 13 последователни победи во Премиер – лигата. Тотенхем успеа да го сопре тимот на Антонио Конте на „Вајт Харт Лејн“, совладувајќи го лидерот Челси со 2-0. Херој на овој меч беше англискиот репрезентативец Деле Али. кој беше стрелец на двата гола, со удари со глава, откако и во двете акции асистираше Кристијан Ериксен.

Дуелот почна со внимателна игра од двете страни, и немаше ниту еден директен шут кон противничкиот гол се до пред крајот на првото полувреме. И тогаш, во првата минута од судиското продолжение на првиот дел, Ериксен нафрли во шеснаесетникот на Челси, а Деле Али на фантастичен начин го совлада Тибо Куртоа.

Во 55.минута, речиси идентична акција, Ериксен нафрли на вториот дирек, а Деле Али со удар со глава и вторпат го матираше Куртоа.

Еден Азар ја имаше најсериозната шанса за Челси, но не успеа да ја искористи.

Челси и понатаму е лидер на табелата со 49 освоени бодови, пет повеќе од второпласираниот Ливерпул. На третата позиција се проби Тотенхем со 42 бода, колку што има и Манчестер сити.

Dele Alli Goal – Tottenham Hotspur Vs Chelsea… by eurofootballhd1Dele Alli Second Goal – Tottenham Hotspur Vs… by mouradst1987

Се вчитува...