Секуловски нов тренер на Шан јунајтед во Мјанмар

По разделбата со битолски Пелистер, Марјан Секуловски веднаш со нов интернационален тренерски ангажман.

Само две недели откако ја напушти клупата на битолчани, Секуловски одлучи да се врати во шампионатот на Мјанмар каде сега треба да биде на клупата на шампионот Шан јунајтед.

Изминативе години Марјан Секуловски во Мјанмар ги водеше и екипите на Ајевади јунајтед и Јангонг јунајтед.

Се вчитува...