Секуловски си замина, Хусеин нов тренер на Пелистер!

Сосема изненадувачки нова тренерска смена на домашната прволигашка сцена. Откако обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, Марјан Секуловски денеска ја раскина, по меѓусебен договор, соработката со Пелистер.

Како што информираат од клубот, до крајот на актуелнава сезона тимот ќе го води досегашниот негов асистент Неџат Хусеин.

Не се спомнуваат причините за заминувањето на Секуловски кого до крајот на сезонава го очекуваше и битка за опстанокот во Првата лига. И покрај сериозните турбуленции во зимскиот период, и крајно нестабилната финансиска состојба на клубот, Секуловски одлично го водеше тимот пролетва, покрај избореното финале во Купот и оставајќи го во активна трка за прволигашки опстанок.

Пелистер е дури седмиот клуб, од десет домашни прволигаши, кои реализираа тренерска смена пролетва. Единствени кои не промениле тренер се Шкендија, Силекс и Скопје.

Се вчитува...