Селадес: Македонија не е случајно дел од ова ЕП

Шпанскиот селектор Алберт Селадес уште еднаш ги предупреди своите фудбалери во ниту еден случај да не ја потценат Македонија, потенцирајќи дека нашата национална селекција неслучајно се наоѓа на ова Европско Првенство. Потсетувајќи дека во групата Македонија заврши пред фаворизираната Франција, кормиларот на „црвената фурија“ јасно стави до знаење дека со голем респект за противникот го очекува вечерашниот премиерен дуел во Гдиња.

Долго време се подготвувавме за овој шампионат, пред се за Македонија како наш прв ривал бидејќи знаеме дека секој почеток на големите натпреварувања може да донесе изненадувања. Сите говорат за нас како за фаворити, но сето тоа е предалечно, ние остануваме фокусирани само на првиот дуел и пресметката со Македонија. Разговараме меѓу нас за денешниот противник и едно е јасно – Македонија не е случајно на ова Европско Првенство, говориме за селекција што ги остави зад себе Франција, Украина и Исланд во квалификациите. Тоа е репрезентација што поседува квалитет, што ќе нема што да загуби и ќе игра максимално мотивирано. На нас е да одиграме најдобро што знаеме, бидејќи само со таков пристап можеме да стигнеме до победата што ја посакуваме“ – изјави Селадес.

Се вчитува...