Селадес: Внимателно со Македонија, секогаш е незгодно на стартот…

Шпанската репрезентација попладнево во Гдиња одржа прес-конференција, на која селекторот Алберт Селадес уште еднаш повтори дека со голем респект гледа на Македонија, предупредувајќи ги своите избраници дека немаат право на опуштање на утрешниот прв натпревар од Европското Првенство за играчи до 21 година.

Многу се мачевме во квалификациите, па моравме преку бараж да го обезбедиме билетот за Полска. Свесни сме за своите квалитети, за фаворитската улога, но исто така сме и свесни за фактот дека првите натпревари се секогаш најтешки. Мораме да бидеме внимателни со Македонија, тоа е натпревар на кој ќе мораме да дадеме 100% ако сакаме да победиме. Ги отстранив сите дилеми околу стартниот тим, но нема да ви ги откријам на вас новинарите пред да им ја соопштам својата одлука на моите фудбалери“ – порача Селадес.

Внимателен со оптимизмот е и голманот Кепа Аризабалга, кој предупреди на изненадувањата што се можни на големите натпреварувања.

Форматот на Европското Првенство не дозволува право на грешка, затоа ќе мораме да одиграме најдобро што можеме за да славиме против Македонија. Знаеме што е нашата цел, но одиме чекор по чекор“ – истакна чуварот на мрежата на Атлетик Билбао.

Се вчитува...