Селектор Лазаров одлучи: Дејан Манасков се враќа во репрезентацијата!

Дејан Манасков повторно ќе биде дел од македонската ракометна репрезентација откако левото крило во последните месеци имаше импресивни настапи во дресот на Е. Пелистер.

Манасков две години е надвор од националниот тим, но по неговите одлични игри во изминатиот период се најде на списокот за претстојната ЕХФ седмица во која Македонија ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Јапонија.

На поширокиот список на играчи, но меѓу резервите се најде и Филип Талески, заедно со досега стандардните Марко Митев, Лазаревски и Јагуриновски, кои на стартот на сезонава се мачеа со незгодни повреди.

Како што информираат од Ракометната Федерација на Македонија, патпреварите се предвидени да се одиграат на 30.11 (четврток) во спортската сала Автокоманда (натпревар од затворен тип) и на 01.11 (сабота) со почеток во 16:30 часот.

Се вчитува...