Селектор со шокантна одлука: Не зема играч за СП поради неговиот татко!

Селекторот на Тунис, Сабри Ламуши, привлече големо внимание во јавноста откако откри необични детали во врска со составот на репрезентацијата пред Светското првенство.

Во центарот на  вниманието беше талентираниот фудбалер, Луи Бен Фархат. Според селекторот, овој играч бил сериозен кандидат за конечниот список на патници за Мундијалот.

Меѓутоа целата ситуација ескалирала и добила неочекуван пресврт, откако селекторот имал сериозн разговор со таткото на играчот.

„Планирав да го вклучам Бен Фархат во составот за Светското првенство. Неговиот татко ми се јави и ми рече дека тој не е подготвен за Мундијалот. Се обидов повторно да контактирам, но никој не ми одговори“, рече Ламуши.

Тој призна дека таквата одлука била целосно изненадувачка особено затоа што тоа е еден од најголемите таленти во Тунис.

„Бев шокиран“, призна Ламуши.

Тунижанецот има и германски пасош, па се шпекулираше дека можеби ја чека Германија за да заигра за оваа селекција. Има само еден настап за Тунис, а во моментов игра за Карлсруе, но му предвидуваат блескава иднина и трансфер уште на лето во некој поголем клуб.

Се вчитува...