Селекторите на одбојкарите и одбојкарките до 20 години ги објавија списоците за Зонските квалификации за ЕП 2027

Машката и женската репрезентација на Македонија до 20 години во август ќе учествуваат на Балканските шампионати, кои оваа година ќе имаат улога и на Зонски квалификации за Европското првенство до 20 години кое ќе се одржи следната година.

Селекторот на машката репрезентација до 20 години, Јован Шапе, заедно со неговиот асистент Миодраг Новески го објавија поширокиот список на кој се најдоа 18 надежни одбојкари од девет домашни клубови.

Машката репрезентација подготовките ги започнува на 5 август во Крушево, додека Зонските квалификации ќе се одржат од 25 до 29 август во Софија, Бугарија.

На списокот на женската репрезентација до 20 години, селекторот Деан Стојанов и Мартин Јовановски се најдоа 16 одбојкарки, меѓу кои и дел од репрезентативките кои имаа летово повик и за А селекцијата – сестрите Горбок, како и Митиќ, Сотировска, Тенчева…

Се вчитува...