Селекторот Ангеловски лета за Анталија, ќе ја „снима“ формата на репрезентативците

Селекторот на А-репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски, патува за турската база Анталија, каде во наредните неколку дена ќе ги следи натпреварите и тренинзите на македонските клубови кои се наоѓаат таму на подготовки. Вардар, Шкендија и Работнички се веќе таму, а Пелистер, Силекс и Академија Пандев ќе се приклучат во текот на викендот.

„Доколку се биде в ред со авионските линии, утре треба да пристигнам во Анталија и во наредните неколку дена ќе ги следам настапите на дел од македонските клубови, на пријателските натпревари во овој подготвителен период. Ова е убава можност да ја проверам на дело формата на потенцијалните репрезентативци, а секогаш може да се наметне и некој нов фудбалер“, вели за ЕКИПА, селекторот Игор Ангеловски.

Се вчитува...