Селекторот Ашаданов одбра 13 патнички за Португалија

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов по денешниот тренинг во СРЦ „Кале“ ги одбра тринаесетте патнички за Португалија каде на 9. ноември не чека првиот натпревар од квалификациитие за Евробаскетот 2025.

Ашаданов ќе смета на: Анџелика Митрашиновиќ – Пештански Цајки (Словачка), Матеа Николиќ – Пасаласка Рагуса (Италија), Александра Стојановска – Кортегада (Шпанија), Нена Трајчевска – ЦБ Архил (Шпанија), Мерит Хемпе – Валенсија (Шпанија), Милица Николиќ – Вебас (Србија), Ивана Кметовска – Баскет Кам 2011, Елена Тасевска – Баскет Кам 2011, Сања Адамовска – Баскет Кам 2011, Илина Селцова – Вардар, Ања Начевска – Вардар, Марија Димитријевиќ – Вардар и Клементина Модева – Струга 2009.

Од Скопје патуваат 11 кошаркарки, а во Португалија ќе се приклучат Нена Трајчевска и Александра Стојановска со што првиот комплетен тренинг ќе биде одработен на пиринејскиот полуостров.

„Немаме многу време за подготовки пред овие два натпревари. Денеска одработивме два, се обидувме да поставиме некои работи кои ќе ни бидат од корист на натпреварите кои следуваат. Утре за Матошинос ќе патуваат 11. кошаркарки, а во Португалија ќе не чекаат Нена Трајчевска и Александра Стојановска, па во еден комплетен состав ќе одработиме уште некој тренинг се со цела да бидеме што е можно поспремни за предизвиците кои стојат пред нашата селекција“, изјави Ашаданов.

Се вчитува...