Селекторот на Алжир „дивееше“ на прес-конференција: Замолчи, замолчи, замолчи…!

Вистинско шоу се одвиваше на прес-конференција на репрезентацијата на Алжир по победата од 3-0 против Централната афричка република.

Селекторот на Алжир, Рабах Мадјер полуде по едно наизглед нормално прашање упатено кон нивниот најдобар фудбалер и член на Лестер, Махрез: „Како ја оценуваш денешната игра на Алжир?“.

Но, на Мадјер очигледно не му беше важно какво е прашањето туку кој го поставува затоа што од поодамна имал нетрпеливост со новинарот. Махрез се подготвуваше да одговори, но селекторот го спречи како тој би одговорил:

„Господине Дјебур, новинару на националниот тим. Вие сте непријател на репрезентацијата. Вие сте наш непријател и тоа јавно го кажувам. Слушајте ме… Ве почитувам сите што сте тука, но не и него. Него не го почитувам…“ – одговараше селекторот Мадјер за во еден момент жестоко да се обрати кон новинарот Дјебур:

„Замолчи, замолчи, замолчи, замолчи… Следното прашање ве молам“.

Во целата приказна интересно беше да се погледне и Махрез кој очигледно се најде во непријатна ситуација.

Се вчитува...