Селекторот на Финска: Македонците знаат да играат одбојка

Финска ќе биде првиот ривал на Македонија на Европското првенство во одбојка во групата што ќе стартува утре во Љубљана, а селекторот на противникот, Џоел Бенкс, е свесен дека нема да има нималку лесна задача на отворањето против „црвено-жолтите“.

„Победа над Македонија на првиот натпревар сигурно би ни ја зголемила смаодовербата на самиот почеток од натпреварувањето, тоа е од исклучително значење за нас. Сепак, тоа не значи дека ќе ни биде лесно. Ако го гледате нивото на игра во текот на летото, може да се утврди дека двете репрезентации се речиси еднакво по квалитет. Воедно, ова ќе биде прв меч на ЕП, а знаете дека првите натпревари вообичаено ги решава мотивацијата. Едно е сигурно и тоа им го повторувам на моите играчи, Македонците знаат да играат одбојка и ние мораме да бидеме внимателни. Нивна главна одлика е агресивноста во играта и мораме да бидеме подготвени за тоа“ – изјави Бенкс во пресрет на утрешниот натпревар.

Дуелот меѓу Македонија и Финска во Љубљана ќе стартува утре со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...