Селекторот на Германија ќе води и клуб во Евролигата

Виртус Болоња е на добар пат да го реши тренерското прашање откако италијанскиот гигант начелно ги договори условите за соработка со Алекс Мумбру.

Прв „пик“ на Болоња беше Александар Ѓорѓевиќ, но поранешниот српски селектор во последен момент се премисли и реши да се пресели во Турција, по што челниците на Виртус почнаа нова потрага, со Мумбру на врвот

Актуелниот селектор на Германија доби зелено светло од федерацијата за парелелно да ги извршува двете функции, по што експресно се договори со Виртус околу финансиите. Тој ќе потпише двогодишен договор вреден 850.000 евра, по што Виртус ќе се фокусира на пополнување на ростерот откако неколку клучни кошаркари веќе објавија дека летово ќе ги сменат клупските бои.

Се вчитува...