Селекторот на Исланд го објави списокот на фудбалери за дуелот со Македонија

Селекторот на Исланд, Арнар Видарсон, го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат на дуелите со Романија и со Македонија во ноемврискиот циклус на квалификации за пласман на СП 2022 година.

Без поголеми измени, со браќата Гудјонсен, Исланд доаѓа на гостување на Балканот, најпрво во Романија, а потоа и во Македонија.

Првиот дуел меѓу Исланд и Македонија заврши 2:2, и тоа по водство на нашата селекција од 0:2.

Се вчитува...