Селекторот на САД: Мислиме на иранскиот народ, но прво мислиме на фудбалот

Селекторот на американската репрезентација Грег Берхалтер пред натпреварот против Иран на Светското првенство во Катар изјави дека размислува за иранскиот народ, но е фокусиран на играта на неговата репрезентација.

„Се разбира, нашите мисли се со иранскиот народ, но ние сме фокусирани на играта. Без грешка, ќе биде тежок натпревар за двете екипи, со висок интензитет. Навистина ми се допаѓа она што Иран го направи досега, особено во последниот натпревар, покажувајќи многу одлучност и добри контра-напади“, рече Берхалтер.

Натпреварот меѓу Иран и САД ќе се игра со почеток во 20 часот, а во истиот термин играат и Англија и Велс.

Се вчитува...