Шпански Ваљадолид е еден од заинтересираните клубови зимава за потписот на македонскиот интернационалец Езѓјан Алиоски. Левокрилниот фудбалер е желба на шпанскиот тим за пополнување на левата страна на тимот, во битката за опстанок во пролетниот дел во Ла Лига.
Алиоски моментално е дел од Ал-Ахли. Иако веќе долго време има најави за негово заминување, сепак, тој остана во Саудиска Арабија. Пред неколку дена се појави информација дека на крајот ќе остане дел од саудискиот тим, кој ќе го пријави за настап во азиската Лига на шампиони.
Неговиот договор со Ал-Ахли истекува на јуни оваа година, па тој би можел уште од сега да преговара за трансфер. Една од опциите е да замине на позајмица во крајот на годината, доколку неговиот сегашен тим и натаму не смета на неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА