Селекторот не е загрижен: Повик во репрезентација за играчот кој го удри Ашковски „а ла Зидан“

Никушор Банку, фудбалерот кој го удри Стефан Ашковски со глава, а потоа и со топката, доби повик во националниот тим на Романија за престојните натпревари во Лигата на Нации, што предизвика револт кај јавноста. Банку има 23 настапи за националниот тим, а ќе биде вклучен во националниот тим за натпреварите со Црна Гора, БИХ и Финска.

Банку во полуфиналето од Купот, ги загуби нервите и со глава го удри Ашковски во градите, исто како Зидан што го удри Матераци во финалето на СП 2006 година. Потоа и дополнително со топката го удри по главата македонскиот репрезентативец. Веднаш беше суспендиран од страна на федерацијата со шест натпревари неиграње.

Селекторот на Романија, Еди Јорданеску го „оправда“ потегот на Банку.

„Не ме загрижува тоа што го направи, ги загуби нервите. Во одреден момент ќе ја сфати грешката. Ме загрижува тоа како се однесува во дефанзива. Има квалитет во офанзива, но во дефанзива ме загрижува. Она што го направи со тој гест ќе биде казнет од клубот. Лошо е тоа што го направи, но мислам дека се кае“, рече Јорданеску.

Се вчитува...