Александар Јованчев е изборот на раководството на Вардар за нов тренер на скопскиот прволигаш, откако Дарко Радуловиќ си замина од кормилото на „црвено-црните“ и се пресели во стручниот штаб на МЗТ Скопје.
Јованчев е млад и перспективен стратег, прв што по подолга пауза успеа да внесе една наша млада репрезентација во А-дивизијата од европските шампионати (со М18 селекцијата на шампионатот во БиХ пред две години). Во меѓувреме тој доби интересни понуди за да работи со младински категории во Работнички и во МЗТ Скопје, ги одби двете, за од денеска да го има првиот прволигашки ангажман во кариерата.
Со именувањето на Јованчев раководството на Вардар го продолжи трендот новиот тренер да го именува од сопствениот погон на млади стратези, откако претходно на клупата на „црвено-црните“ седеа Ѓорѓи Кочов и Дарко Радуловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА