Селекторот Стојановиќ ги избра 17-те ракометари за кадетскиот мундијал во Хрватска

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави списокот од 17 ракометари на чии услуги ќе смета за претстојниот светски шампионат што од 2 до 13 август ќе се одржи во Хрватска.

Кадетска машка репрезентација е дел од групата Ф која се игра во Ријека, Хрватска заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија. Во Главната фаза од натпреварувањето продолжуваат најдобрите две репрезентации од групата, а групата Ф вкрстува со групата Е во која се репрезентациите на Данска, Австрија, Чиле и Мексико.

Нашиот стручен штаб се соочи со сериозен проблем по повредата на Димитар Узунчев, единствениот класичен десен бек со што сериозно беа нарушени тактичките замисли во пресрет на овој шампионат.

Се вчитува...