Селекторот Танески го објави списокот на ракометари за квалификациите за кадетското ЕВРО 2024

Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска ракометна репрезентација Наум Танески го објавија списокот на повикани ракометари за собир и настап и претстојниот квалификациски турнир за пласман на Eвропското првенство до 18 години во 2024 година.

Претстојното првенство ќе се оддржи во Црна Гора, а нашата кадетска репрезентација е дел од групата Б заедно со кадетските репрезентации на Косово , Швајцарија и Словачка.

Распоред и термини на оддигрување на натпреварите:

05.01.2024 – Петок

12:00 часот Швајцарија – Косово
15:00 часот Македонија – Словачка
06.01.2024 – Сабота

12:00 часот Словачка – Косово
15:00 часот Македонија – Швајцарија
07.01.2023 – Недела

12:00 часот Швајцарија – Косово
15:00 часот Косово – Македонија

Собирот е закажан на ден 25.12.2023 година (понеделник) со почеток во 09:30 часот во СС Автокоманда.

 

Се вчитува...