Селекцијата до 14 години го освои развојниот турнир на УЕФА во Ерменија

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 14 години го освои развојниот турнир на УЕФА кој изминатиов период се играше во Ереван, Ерменија.

Селекцијата на Звонко Златановски во финалниот натпревар славеше против Белорусија со 6-5 по изведувањето на пеналите, откако во регуларниот дел мечот заврши со израмнети 1-1. Македонија поведе на почетокот од вториот дел со голот на Славчо Жиков, а Белорусите израмнија во 72. минута.

Претходно, Македонија на турнирот ги победи репрезентациите на Грузија и Ерменија. Ова е одличен успех за младите фудбалери на Златановски кои стигнуваат до првиот свој пехар на еден ваков турнир под капата на УЕФА.

Македонија: Филип Ваневски, Филио Ѓорѓиевски, Христијан Николовски, Елмедин Рамадани, Октај Ракипи, Дарко Стојановски, Андреј Стојчевски, Дамјан Ќосески, Славче Живков, Дарко Марковски, Бехар Фета. Уште играа: Стефан Митрев, Самет Реџепи, Љавдрим Ибрахими, Џемиљ Јахији, Христијан Георгиевски, Ване Крстевски, Георги Давков, Амир Фејзуловски, Никола Димитровски.

Се вчитува...