Македонската репрезентација до 19 години загуби минимално (1-0) од селекцијата на Белгија во натпреварот одигран во Порто од квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза од квалификациите за ЕП.
Избраниците на селекторот Ерхан Селими одиграа борбен и дисциплиниран натпревар против силниот противник, а со малку повеќе среќа можеа да стигнат и до позитивен резултат.
Во 86. минута Латифи убаво продре по левата страна и на околу 7-8 метри му ја додаде топката на Дамјаниски, кој со малку подобар прием или удар од прва можеше да израмни. Неколку минути подоцна, по изведен корнер, Мурѓески ја погоди стативата.
Белгија го постигна единствениот гол на натпреварот во 72. минута преку Мисуаи и ја оправда улогата на фаворит, додека нашите младинци покажаа голема борбеност и дисциплина во тешки временски услови, натпреварот се одигра под постојан дожд.
Македонија до крајот на квалификациите ќе одигра уште два натпревари, против домаќинот Португалија (15.11.) и Естонија (18.11.) со што ќе се обиде да стигне до подобар пласман и резултат во групата.
Македонија до 19 година: 1. Давид Илиоски, 2. Златко Радески (84ʼ Али), 4. Емир Шаботиќ, 5 Лука Атанасовски, 6. Давид Стојановски, 7. Адмир Љатифи, 10. Марко Киш (72ʼ Мехмет), 11. Стефан Бранковски (72’ Дамјановски), 14. Абдулах Алсани, 16. Игор Ристов (52ʼ Мурчески), 17. Каменчо Андоновски; Селектор: Ерхан Селими
Белгија до 19 години: Ванден Дрис, Тран (46` Опоку), Мангел, Енгванда, Дебондт, Бафдили, Којтген (63` Ван Бритсом), Бент (70` Муру), Да Коста (77` Струјф), Фуро, Декресон (70` Мусуаи); Селектор: Дејвид Пенеман
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

