Селмани: Дојдовме по позитивен резултат во Австрија

Фудбалерите на Шкендија знаат дека Салцбург е фаворит, но сепак ќе сторат се што можат за да го изненадат австрискиот првак и да испишат нови страници во својата историја. Ремзифаик Селмани летово дојде во Шкендија и се наметна како опција во нападот за тренерот Османи, па се очекува младиот голгетер да добие шанса и на утрешниот дуел во Салцбург.

„Играме против многу познат клуб од Австрија, но тоа не ги менува нашите желби, да стигнеме до позитивен резултат, а потоа на реваншот во Скопје да обезбедиме место во следната рунда од квалификациите за ЛШ. Трансферот во Шкендија беше вистински потег за мене, се здобивам со огромно искуство на меѓународни натпревари што е многу важно. Испишуваме историја, чувството е неверојатно, се надевам дека ќе направиме уште еден чекор напред“ – истакна Селмани во пресрет на утрешниот натпревар.

Се вчитува...